spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаГрковска за Гласот на Америка: Независноста која Уставот ја дава на правосудните...

Грковска за Гласот на Америка: Независноста која Уставот ја дава на правосудните органи години наназад беше злоупотребувана, тоа веќе не смее да се дозволи

„Треба да се направи многу повеќе од она што е направено до сега во борбата со корупцијата и организираниот криминал во Северна Македонија, ако сакаме да чекориме напред во нашите политички процеси кои неминовно мора да се случат, затоа што граѓаните сакаат да видат видливи резултати“, порача заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во интервју за Гласот на Америка.

„Наша задача е да ги лоцираме системските недостатоци и да ги подобриме со соодветни решенија со кои ќе се намали корупцијата во нашата земја. Сите заедно мораме да работиме на подигање на свесноста и одговорноста во носењето на одлуки. Токму затоа лично имав реакции на одлуките на јавното обвинителство и судството”, потенцираше Грковска.

Таа нагласи дека токму уставната независност на овие органи треба да ги поттикне да работат транспарентно и одговорно при носењето на одлуки и нивното образложение пред граѓаните.  Повикувањето на транспарентно и отчетно работење на овие органи при носење на решенија и нивно образложение, додаде таа, не е мешање во работата на институциите, туку напротив е поттик за зголемување на нивната транспарентност, а со тоа и зголемување на довербата на граѓаните во правосудниот систем и органите

„Судиите и јавните обвинителите треба да одговараат за злоупотреба на службена должност исто онака како и останатите функционери кои подлежат под истите закони како јавните обвинители и судии. Независноста која што Уставот ја дава на правосудниот систем  при работењето, години наназад беше користена како параван за самоволие при носењето на одлуки и истото повеќе не смее да се дозволи”, посочи Грковска.

Вицепремиерката Грковска се осврна на поддршката што ја добиваме од меѓународната заедница во процесот во борбата со корупцијата и организираниот криминал, посочувајќи дека тоа е стимул за побрзо, поотчетно и потранспарентно работење на институциите во овој политики процес.  Оваа поддршка, нагласи таа, мора сериозно да се сфати и заедно, во нашата земја самостојно да почнеме да ги решаваме состојбите кои се трули  и кои нé влечат наназад во сите процеси.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...