spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниСвети Николе: Јавен Повик - Покана средба за социјален дијалог – настан...

Свети Николе: Јавен Повик – Покана средба за социјален дијалог – настан „Учи паметно работи стручно“

Општина Свети Николе – Одделението за локален економски развој и јавни дејности и СОУ „Кочо Рацин“ Свети Николе  има за чест да Ве поканат да земете учество на средба за социјален дијалог односно настан „Учи паметно работи стручно“, којашто има за цел:

  • да се дискутира и идентификува потребата од отворање на одредени профили и паралеки во СОУ „Кочо Рацин“  Свети Николе за учебната 2023/2024 г
  • како создавање на нови наставни програми во СОУ „Кочо Рацин“ Свети Николе за учебната 2023/2024 г

Настанот е од отворен карактер и на него може да присуствуваат сите заинтересирани страни: компании, ученици, родители/старатели на ученици.

ЛОКАЦИЈА: Големата сала при Советот на Општина Свети Николе

ВРЕМЕ: 9 часот

ДЕН: Вторник 07.02.2023 Г.

За повеќе информации

Ивица Арсов

Е пошта: ler@svetinikole.gov.mk

Извор: Општина Свети Николе 

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...