HomeОпштиниБитола: Градоначалникот Коњановски на увид на активностите и подготвеноста на зимската служба

Битола: Градоначалникот Коњановски на увид на активностите и подготвеноста на зимската служба

spot_img
spot_img

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски  вчера го посети јавното претпријатие Нискоградба, со цел согледување на динамиката со која работи зимската служба, после врнежите од снег.

Од страна на директорот на КЈП Нискоградба, Зоран Талевски, градоначалникот Коњановски, беше информиран дека, екипите од раните утрински часови, работеа на терен, а до 12 часот беа исчистени улиците од прв и втор приоритет. Исто така, се интервенираше и во руралните места, на просторот на поранешните општини Бистрица, Кукуречани и Цапари.

Зимската служба на општина Битола, е подготвена со доволни количини на сол и ризла и добро екипирана за работа и во следните денови кога се очекуваат многу ниски температури.

Од страна на КЈП Нискоградба, апелираат до граѓаните, да не ги оставаат возилата на улиците, за да може да се обезбеди непречен пристап и навремено делување на екипите на зимската служба.

 

 

Извор: Општина Битола 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија