HomeОпштиниКуманово: Работен состанок за спречување на малолетничка деликвенција во организација на СВР...

Куманово: Работен состанок за спречување на малолетничка деликвенција во организација на СВР Куманово – Отсек за превенција

spot_img
spot_img

Поради зачестената појава на деца питачи по улиците на нашиот град, раскрсниците, граничните премини, патарини и сл., СВР Куманово – Отсек за превенција одржа работен состанок со претставници од општинска администрација, членови на Совет на Општината, невладини организации, судија и инспектор за малолетничка деликвенција при Основен суд Куманово, претставници од Центар за социјална работа – Куманово, Локален совет за превенција и Локален совет за социјална заштита.

На состанокот беа утврдени конкретни активности кои треба да ги преземат институциите чии претставници учествуваа во денешната дискусија, со цел да се намали, односно искорени оваа масовна појава каде се злоупотребуваат деца или организирано се пренесуваат од страна на возрасни лица од едно на друго место, каде се користат за питачење, кражба и други деликвентни појави.
Од состанокот произлегоа неколку заклучоци:
– Донесена е одлука да се излезе на терен, да се разговара со родителите на децата кои питаат низ улиците, да се истражува за нивната состојба од страна на вработените при Центарот за социјална работа – Куманово и претставниците од СВР Куманово – Сектор за превенција,
– Предлог да се изготви стратешки документ од страна на Локален социјален совет при Општина Куманово,
– Предлог да се разгледа вклученоста на овие деца во образовниот систем и да се преземат конкретни активности и мерки за нивно вклучување доколку не посетуваат училишна настава.

Донесена е заедничка одлука од сите институции, ваквите работни состаноци да се реализираат во континуитет за да се следи состојбата на терен со цел да се интервенира доколку е потребно од страна на Локалниот социјален совет при Општина Куманово.

 

 

Извор: Општина Куманово 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија