spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Соработката со УНХЦР продолжува, особено со предизвиците со кои се соочуваат...

МТСП: Соработката со УНХЦР продолжува, особено со предизвиците со кои се соочуваат лицата без лични документи

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска вчера оствари средба со претставничката на УНХЦР, Моника Сандри, на која што стана збор за имплементацијата на Законот за неевидентирани лица во матична книга на родени, преку кој лицата без лични документи можат да се стекнат со одредени права од социјална и здравствена заштита, образование и вработување со задолжително социјално осигурување.

 

Законот им овозможува на оваа категорија лица да бидат евидентирани во посебна матична книги на родените и да добијат посебна идентификациона исправа којашто треба да им овозможува пристап до горенаведените права. Меѓутоа, иако овој Закон беше донесен, неговото имплементација не е завршена, поради непрепознавањето на привремениот регистерски број на овие лица, во системите на институциите од каде лицата треба да ги користат правата, односно Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија кои имаат интегриран систем на електронски податоци.

Министерката Тренчевска информираше дека Министерството за труд и социјална политика во соработка со Управата за водење на матични книги, Министерството за внатрешни работи и Здружението на млади правници подготвува нов Закон за лица неевидентирани во матична книга на родени со измена на одредени членови од претходниот закон за да се овозможи на лицата регистрирани во посебниот регистар до крајот на 2023 година да им се трансферира нивниот статус од привремениот регистар во редовната матична книга на родени.

Министерството  за правда треба да подготви целосно нов закон, системско решение кое  што ќе одговори на сите идни случаи на лица без лични документи.

На средбата уште еднаш беа повторени добрите намери на страните за продолжување и продлабочување на соработката.

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...