spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСтатииБесими: Ефектот од ЕУ е 850 евра просечно дополнителен приход годишно по...

Бесими: Ефектот од ЕУ е 850 евра просечно дополнителен приход годишно по глава на жител

Побрз економски раст, подобар животен стандард, поголема продуктивност на трудот, подобра деловна клима и структурен развој на приватниот сектор, напредок во институционалната демократија и доброто владеење, се дел од придобивките од членството во Европската унија. Напоредно треба да работиме на изградбата на наш успешен економски модел, базиран на инвестиции, иновации, човечки капитал, инфраструктура и нови технологии, кој ќе креира нови работни места, побрз, поинклузивен и одржлив раст, зелена транзиција и поквалитетен живот на граѓаните, односно економски модел што ќе ја донесе Европа дома, пишува министерот за финансии, Фатмир Бесими во својата најнова колумна посветена на евроинтеграциите во контекст на нови перпсективи и подобар стандард.

„Пред сѐ, членство во ЕУ значи влез на пазар од над половина милијарда потрошувачи. Економската моќ на ЕУ се одразува и во трговијата и странските директни инвестиции, со 16% од вкупното глобално тргување. Интеграцијата во ЕУ за РС Македонија ќе значи влез во 25 пати поголем пазар, пет пати повисок номинален БДП по жител (при што реален БДП по жител на нашата економија е околу 40% од тој на ЕУ според Еуростат), како и значително пониска стапка на невработеност“, посочува Бесими. Тој додава дека согласно студии, кои се однесуваат на придобивките на единствениот пазар на ЕУ, проценките се дека бруто домашниот производ на ЕУ би бил за 9% помал доколку нема целосна интеграција на пазарот, што во просек значи приближно 840 евра помал годишен приход по глава на жител.

„Гледано од оваа перспектива, за секоја земја членка е подобро, отколку да е надвор од ЕУ, што укажува на фактот дека Унијата создава нова вредност, односно додадена вредност со позитивни екстерналии. Како што би рекол Аристотел –  целината е повеќе од збирот на деловите“, истакнува министерот за финансии.

Во колумната министерот го истакнува и значењето на интегративниот процес за јавните финансии од аспект на реформите за унапредување на системот на јавни финансии, но и пристапот до низата европски фондови.

„Буџетот на Европската Унија за периодот од 2021-2027 година е проценет на околу 2.000 милијарди евра, средства насочени кон поддршка на областите: Климатска и дигитална интеграција; Заеднички пазар и иновации; Кохезија, отпорност и заеднички вредности; Природни ресурси и околина; Миграција и управување со граничниот простор; Соседство и свет и Европска јавна администрација. Со процесот на интеграција и пристапување кон Унијата, со секое ново ниво, за земјата се отклучува пристап кон нови фондови за финансирање на одделни цели“, се наведува во колумната.

Министерот понатаму се осврнува и на други економски и неекономски предности, кои можеби е потешко да се квантифицираат, но влијаат на економскиот перформанс на земјата, како заедничкото адресирање на климатските промени и загадувањето на почвата и водата, заедничката борба против корупција, криумчарење и спречување перење пари, заштита на правата на граѓаните како потрошувачи, но и сигурноста која евроатланските интеграции ја носат.

Пишувајќи за креирањето најдобар економски модел за раст на домашната економија, а во контекст на еворинтеграциите, министерот Бесими нагласува:”на нас ни е потребен еден економски модел, главно врз основа на креирање нови работни места (во приватниот сектор), преку зголемување на конкурентноста, подобрување на инфраструктурата и бизнис климата. Транспарентно и одговорно управување со јавните финансии со цел поддршка и стимулирање на инвестиции, како и афирмација на социјална и територијална кохезија, воедно промовирајќи рамномерен регионален развој. Модел на економски развој, базиран на конкурентна и интегрирана економија, со еднакви можности за сите, би влијаело да не чекориме како желката, но да и се приклучиме побрзо на оваа наречена наша Обединета Европа.“

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за финансии 

Прочитајте

МФ: Нема незаконитост во одлуките, се поништува одлуката на ДИК и...

0
Со цел информирање на јавноста, а во врска со изнесените информации од страна на дополнителниот заменик-министер во Министерството за финансии, соопштуваме дека во однос на...