HomeМинистерстваМТСП: Осмата јавна расправа за Законот за работни односи одржана во Општина...

МТСП: Осмата јавна расправа за Законот за работни односи одржана во Општина Кавадарци

spot_img
spot_img

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска завчера беше присутна на осмата јавна расправа која се одржа во Општина Кавадарци. Пред присутните кои беа дел од работодавачи, синдикати и останатите релевантни чинители беше презентирана нацрт верзијата на Законот за работни односи. Целта на јавните расправи е да се дојде до конструктивни коментари и критики кои треба позитивно да влијаат при подобрување на текстот на документот.

Тренчевска во своето воведно обраќање ја истакна важноста на јавните расправи како и важноста на транспарентниот начин на креирање на овој документ кој според неа претставува устав за работничките права.

Претставниците од работната група ги презентираа новините од предлог Законот за работни односи. Беа истакнати измените во колективните договори, инспекцискиот надзор и породилното отсуство.

 

На крајот од јавната расправа беа објаснети дел од забелешките на присутните и беа позитивно прифатени конструктивните коментари особено од страна на групата на работодавачи.

Претставниците од работната група на законот уште еднаш потврдија дека ова ќе биде документ кој треба да ги штити правата на работниците но, и да биде во согласност со барањата на работодавачите.

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија