spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Државниот секретар Шукова во Солун на панел дискусија за финансирање за...

МЖСПП: Државниот секретар Шукова во Солун на панел дискусија за финансирање за нискојаглеродна иднина

Државниот секретар во министерството за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, во Солун, учествуваше на панел дискусијата насловена: “Дизајнирање на стратегија и финансирање за нискојаглеродна иднина”, како дел од настанот на кој беше презентиран проектот „Јаглеродна иницијатива за земјоделие отпорно на климатските промени – Хоризонт Европа“, на Европската програма за финансирање на истражувања и иновации, Карбоника.

Во своето обраќање, таа се осврна на предизвиците и можностите во врска со усвојувањето на иновативни техники за ублажување на климатските промени и можностите за финансирање на истражувања и иновации во Република Северна Македонија, како и за најдобрите начини на кои, кон тоа може да придонесе, Европската иновативна истражувачка лабораторија Карбоника.

Истакнувајќи дека ние како држава се обврзавме интензивно да работиме за декарбонизирана иднина со потпишување на декларацијата од Софија за Зелена агенда за Западен Балкан, а воедно сме потписници и на Договорот од Париз, државниот секретар Шукова додаде:

– Силно веруваме дека лабораторијата Карбоника ќе стане центар на регионална размена на најдобрите и најиновативни искуства и практики, кои во иднина, ќе придонесат да се намали јаглеродниот отпечаток во земјоделството. Нашата држава особено ќе има корист од позитивните резултати од овој проект во смисла на намалување на јаглеродниот отпечаток во земјоделството на нашата територија, како и од севкупниот економски раст што сигурно ќе ги следи иновациите и имплементацијата на одржливите решенија кои ќе произлезат од работата на лабораторијата.Panel diskusija_Solun

Во рамки на истиот настан, на панелот насловен „Иновациска акција за испорака на екосистемски услуги“, учествуваше и државиот советник за климатски промени при Министерството за животна средина и просторно планирање, Теодора Грнчаровска Обрадовиќ.

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...