spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Се проширува капацитетот на градинката “Кокиче”

Кисела Вода: Се проширува капацитетот на градинката “Кокиче”

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски го посети објектот “Кокиче” при градинката “Весели Цветови”.

 

 

Тука интензивно се одвиваат градежни активности за проширување на капацитетот, што ќе создаде можност за запишување на дополнителни 100-тина дечиња. Новите простории кои се во финална фаза, се градат согласно сите стандарди и ќе овозможат современи услови за позитивен ран детски развој.

Периодов започнува со работа и новиот објект, “Симба”, лоциран во Усје, како прва градинка во овој дел на Кисела Вода, која воедно е првата инклузивна јавнa детскa градинка во Скопје. Отворањето на овие објекти за згрижување на деца од предучилишна возраст значително ќе им го олесни секојдневието на семејствата од општината, кои години наназад чекаа да се отворат слободни места во градинките.

-Денес сме во објектот “Кокиче” при ЈДГ “Весели Цветови”, каде е во завршна фаза изградбата на нови простории, односно проширувањето на неговиот капацитет. По проширувањето и адаптацијата, “Кокиче” оваа пролет ќе може да прими 150 дечиња, што е уште еден сериозен чекор напред во целосната реализација на моето ветување дадено пред граѓаните-во општина Кисела Вода повеќе да нема листи на чекање за упис во градинка. Вратите наскоро ги отвора и “Симба”, која е првиот објект за згрижување на деца од предучилишна возраст во Усје и која со радост ја чекаат семејствата со дечиња од населбите Усје, Градинар и Стаклара. Покрај тоа, таа е и прва инклузивна детска градинка во Скопје. Претходно, во функција ја ставивме и новата градинка во Драчево, а го проширивме капацитетот и на објектот “Синоличка”. Изградба на нова градинка планираме и во Расадник. Сево ова говори за нашата посветена работа во целиот овој 14-месечен период, во кој успеавме од наследена листа за чекање за упис во градинка со дури 420 дечиња, оваа бројка да ја сведеме на помала од 100. Сакам да најавам дека оваа година деценискиот горлив проблем со згрижувањето и негата на нашите најмлади ќе биде целосно решен-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

 

 

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...