Амбасадата на Романија во Република Северна Македонија информира дека од 10 до 17 Септември 2023 година во Букурешт ќе се одржи меѓународна олимпијада по англиски јазик наменета и за ученици од државните и приватните училишта од Република Северна Македонија.
Крајниот рок за регистрација на кандидатите е до 31 март 2023 година.
Сите потребни информации во врска со првата меѓународна олимпијада по англиски јазик ( 1st International English Language Olympiad – IELO 2023) во Романија можат да се најдат на следната веб-страница: http://ielo.sincaibm.ro/
Дополнителни информации може да се добијат на следнава е-маил адреса: ielo@sincaibm.ro