spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Состанок на националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на совет...

МТСП: Состанок на националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на совет на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска во улога на претседавач  присуствуваше на состанокот на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на совет на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство каде беше презентиран Моделот на интегрирано прибирање и анализа на податоци за родово базирано насилство од страна на Јоана Хорга, интернационален консултант и Наташа Бошкова, национален консултант ангажирани со поддршката на УНФПА. Исто така беа дискутирани и двата правилници согласно член 28 од Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство. Присутни на состанокот беа претставници на УНФПА, мисијата на ОБСЕ во државата, граѓанските организации и Министерството за труд и социјална полтика.

Според презентацијата на Јоана Хорга системот за управување со информации за родово засновано насилство претставува систематски и стандардизиран метод за претворање на податоците во информации коишто се користат за создавање знаења. Таа посочи дека овој систем е еден од суштинските меѓусекторски алатки кои му се потребни на давателите на услуги за следење и оценување на квалитетот и ефективноста на услугите.

Од страна на експертките беше посочено дека овој систем ќе ги брои жртвите на насилство како и сторителите, ќе има регистар на услуги кои се достапни на ниво на државата, резултати како и настани кои се поврзани со родово заснованото насилство.

На крајот од состанокот беше разговарано и за нацрт верзијата на ГРЕВИО извештајот драфтиран од страна на Советот на Европа.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...