HomeОпштиниБерово: ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски” , започнува со селектирање на отпад

Берово: ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски” , започнува со селектирање на отпад

spot_img
spot_img

Учениците од ООУ ,, Дедо Иљо Малешевски” во Берово, ќе имаат можност да селектираат 4 видови отпад: хартија, пластика, лименки и стакло, во новопоставената паметна џубокс канта, за селектирање и рециклирање на отпад.

Пaметната џубокс канта, е донирана од страна на општествено одговорна компанија НОВО НОРДИСК ФАРМА ДООЕЛ увоз- извоз Скопје и има за цел, поттикнување промени, за заштита на животната средина и поттикнување на децатата, уште од мали нозе, на навики за соодветно складирање и рециклирање на отпадот.

Паметната џубокс канта, со секое складирање на отпад, пушта музика и преставува уникатен спој, на екологијата и музиката, со посебен акцент за зачувување на животната средина.

Градоначалникот Пекевски, истакна благодарност за можноста, која  ја дава фирмата НОВО НОРДИСК ФАРМА, на Општина Берово, во создавањето на здрави навики кај децата и подигнување на нивото на еколошка свест.Се надевам дека, ќе видиме нови навики кај дечињата, кои ќе се пренесуваат понатаму и ќе се создаваат заеднички трајни вредности, додаде Пекевски.

Чест и задоволство е да одговориме на општини, како Берово, кои знаат да ги препознаат вистинските и трајните вредности и да ја сфатат потребата од формирање здрави навики. Берово е општина за пофалба-истакнаа од фирмата НОВО НОРДИСК ФАРМА.

Благодарност за донираната машина, која ќе донесе радост на околу 500 дечиња, истакна и директорката на училиштето, која додаде дека, училиштето е секогаш отворено за соработка, особено кога се работи за формирање на позитивни навики, кај дечињата.

Инаку, основното општинско училиште ,,Дедо Иљо Малешевски”, постојано работи на подигнување на нивото на еколошка свест и постојано се труди да го задржи епитетот ЕКО училиште, кој го доби пред неколку години.

Погледнете: ??

 

Општина Берово 

 

Извор: Општина Берово 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија