spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаКовачевски: Вложуваме во нашиот заштитен знак- македонското вино, го стабилизиравме домашното производство,...

Ковачевски: Вложуваме во нашиот заштитен знак- македонското вино, го стабилизиравме домашното производство, трета година по ред расте и извозот

Премиерот Димитар Ковачевски, во придружба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска беше во посета на Ресава, во тиквешкиот регион, каде, со традиционалното закројување на лозјето, се одбележа денот на лозарите, Св. Трифун.

Честитајќи им го празникот на лозарите и производителите на вино, премиерот Ковачевски посочи на мерките на Владата на Република Северна Македонија, кои се насочени кон поддршка на лозарството и винарството.

„Во чест на празникот Св. Трифун, традиционално ги закроивме лозjaта со желба и надеж за уште една поплодна година од минатата. Денес го празнуваме трудот на луѓето кои со квалитетот на нивното вино нѐ прославуваат како држава низ светот, по што, меѓу другото, сме и почитувани насекаде.

Тука сме за да им помогнеме, да ги поддржиме, да им оддадеме признание за нивната макотрпна работа и да им дадеме уверување дека и оваа година ќе им обезбедиме квалитетни услови за работа, како што тоа го правиме континуирано и без никакви задршки. Во изминатиот период ја покажавме нашата грижа и посветеност да ги помогнеме лозарството и винарството и да ги направиме уште поконкурентни за регионалните и светските пазари“, истакна премиерот Ковачевски.

Потенцирајќи го квалитетот на нашето вино во светот, премиерот нагласи дека според бројките, има нагорен тренд во извозот на вино.

„Минатата 2022 година, вкупниот извоз на вино достигна рекордни 58 милиони евра, што е за скоро 9 милиони евра зголемување во однос на извозот од 2021 година.

Со порастот на извоз, веќе трета година по ред, бележиме континуиран раст на извозот на флаширано вино, а со тоа и постојан раст на девизниот прилив и јакнење на домашната економија.

Успеавме да го стабилизираме домашното производство на грозје со просечно производство од околу 270 илјади тони на годишно ниво. Додека, просечното годишно производство на вино е околу 100 милиони литри.

Заеднички постигнавме историски највисока откупна цена на грозјето за 2022 година“, рече премиерот, набројувајќи ја поддршката преку Програмата за финансиска поддршка во земјоделството, зголемениот износ за мерката зелена нафта, како и грантовите за малите винарници.

Тој најави дека и годинава се предвидени грантови за малите семејни винарии, кои ќе можат, преку грант од 10.000 евра, државна помош, да инвестираат во своите бизниси, а дополнително, за прв пат ќе се помогнат малите дестилерии, со грант од 5.000 евра грант, со кои ќе можат да набават опрема за производство и пакување. Премиерот Ковачевски најави и дека се подготвува нов Закон за вино, кој е усогласен со ЕУ регулативите и кој ќе придонесе за поквалитетно вино.

Исто така, се подготвува и Национална стратегија за развој на лозарството и винарството, која Владата ја носи за период од најмалку 5 години.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски изјави:

„Успешната приказна на малите семејни винарии, ќе продолжи и оваа година, со грант до 600.000 ден., а за прв пат ќе стартува нова Програма за поддршка на мали дестилерии. Новиот Закон за вино, влегува во владина постапка.

Тоа е уште еден успех, кој ќе овозможи користење на ознаките за квалитет прилагодени со законодавството на ЕУ. Лозарите и винариите ќе имаат можност да формираат здруженија во кои заеднички ќе го договараат квалитетот на грозјето, а со тоа и квалитетот на виното. Ќе се зголеми и сигурноста на лозарите бидејќи согласно новиот закон, секоја година до 15 јули, ќе се утврдува производната цена на грозјето, што ќе придонесе лозарите да добиваат достоинствени откупни цени“.

Горан Јаковлевски, претседател на здружението Тиквешки семејни винарии, се заблагодари на финансиската поддршка од страна на државата.

„Во име на здружението Тиквешки семејни винарии, во кое членуваат шеестина производители на вино и десетина, од минатата година, регистрирани производители на ракија, би сакал да ви се заблагодарам за финансиска поддршка- грант за купување на опрема за малите винарии во износ од 10.000 евра, кои, за прв пат, беа доделени минатата година.

Таа помош дојде во вистинско време на право место, таму каде што е најнеопходна на малите производители на вино. Ние посакуваме и се надеваме дека во иднина ќе бидеме главниот столб на винарството во Македонија.

Ве охрабрувам, поддршката да продолжи и понатаму и не само на производителите на вино и ракија туку и на останатите производители на храна затоа што ние достојно ја чуваме и негуваме македонската традиција“, нагласи Јаковлевски.


Обраќање на премиерот Димитар Ковачевски при посетата на село Ресава, Кавадарци по повод Св.Трифун- традиционално закројување на лозја

Премиерот Димитар Ковачевски, во придружба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска беше во посета на Ресава, во тиквешкиот регион, каде, со традиционалното закројување на лозјето, се одбележа денот на лозарите, Св. Трифун.

Во продолжение обраќањето на премиерот Ковачевски во целост:

„На почетокот, сакам на сите лозари и производители на вино да им го честитам денешниот празник Св. Трифун, заштитникот на лозарите и винарите и да им посакам успешна работа и богат род.

Денеска сме овде во Ресава, во нашиот Тиквешки регион, најголемото виногорје на Балканот.

Виното е еден од симболите на македонската земја, а најголемата тајна на вкусовите на македонските вина е сонцето, кое во пределите на Централна Македонија му дава специфика на секое зрно грозје коешто тука се произведува.

Во чест на празникот Св. Трифун, традиционално ги закроивме лозjaта со желба и надеж за уште една поплодна година од минатата.

Денес го празнуваме трудот на луѓето кои со квалитетот на нивното вино нѐ прославуваат како држава низ светот, по што, меѓу другото, сме и почитувани насекаде.

Тука сме за да им помогнеме, да ги поддржиме, да им оддадеме признание за нивната макотрпна работа и да им дадеме уверување дека и оваа година ќе им обезбедиме квалитетни услови за работа, како што тоа го правиме континуирано и без никакви задршки.

Во изминатиот период ја покажавме нашата грижа и посветеност да ги помогнеме лозарството и винарството и да ги направиме уште поконкурентни за регионалните и светските пазари.

Квалитетот на нашето вино е препознаен во светот, за што, освен убавите зборови, зборуваат и бројните награди и нагорниот тренд во извозот на вино.

Минатата 2022 година, вкупниот извоз на вино достигна рекордни 58 милиони евра, што е за скоро 9 милиони евра зголемување во однос на извозот од 2021 година.

Со порастот на извоз, веќе трета година по ред бележиме континуиран раст на извозот на флаширано вино, а со тоа и постојан раст на девизниот прилив и јакнење на домашната економија.

Успеавме да го стабилизираме домашното производство на грозје со просечно производство од околу 270 илјади тони на годишно ниво.

Додека, просечното годишно производство на вино е околу 100 милиони литри.

Заеднички постигнавме историски највисока откупна цена на грозјето за 2022 година.

Овие успеси ги постигнавме преку тоа што инвестиравме и инвестираме во лозарството и производството на вино, преку Програмата за финансиска поддршка во земјоделството, зголемениот износ за мерката зелена нафта, како и грантовите за малите винарии.

Во моментов во Регистарот на производители на вино во нашата земја се регистрирани 164 винарски визби, од кои 87 се семејни винарии и 77 се правни лица, регистрирани како производители на вино.

И годинава имаме добри вести за сопствениците на малите семејни винарии, кои ќе можат, преку грант од 10.000 евра, државна помош да инвестираат во своите бизниси, а дополнително, за прв пат ги помагаме и малите дестилерии со грант од 5.000 евра грант, со кои ќе можат да набават опрема за производство и пакување.

Сето ова значи дека ние ги поддржуваме подеднакво и лозарите и винариите.

Вложуваме во нашиот традиционален производ и нашиот заштитен знак-македонското вино, кое е еден од нашите најважни стратешки производи за државава, поради што ја продолжуваме и ја прошируваме поддршката на ова поле.

Почитувани лозари и производители на вино,

Сакам да ве уверам дека нема повеќе простор за вашите досегашни грижи како да го одржите бизнисот. Ги исполнуваме нашите ветувања и нашата долгорочна стратегија, а тоа е сигурно производство и откуп на грозјето и создавање амбиент за стопанисување кој ќе биде поволен и за лозарите и за винариите.

Во таа насока, подготвивме и нов Закон за вино, кој е усогласен со ЕУ регулативите и кој ќе придонесе да имаме уште поквалитетно македонско вино.

Исто така, подготвуваме и Национална стратегија за развој на лозарството и винарството, која Владата ја носи за период од најмалку 5 години.

Аирлија да е и оваа година за лозарите и винарите.

Да се радуваме на празникот Св. Трифун уште многу години и да го празнуваме овој ден во духот на традицијата насекаде низ нашата држава каде што се негува виновата лоза.

Аирлија Св.Трифун!

Благодарам за вниманието и Ви посакувам успешна и бериќетна година!“

 

 

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...