spot_img

Градски паркинг Скопје: Организирана хуманитарна акција за Турција и Сирија

Јавен секторГрадски паркинг Скопје: Организирана хуманитарна акција за Турција и Сирија

Најчитано

Вработените во ЈП „Градски паркинг“- Скопје организираа хумитарна акција за помош на граѓаните погодени од силниот земјотрес во Турција и Сирија, што се случи минатата недела. Својата хуманост ја истакнаа преку донирање финансиски средства со цел да им се помогне на настраданите граѓани во справување со последиците по катастрофалниот земјотрес.

Средствата од донацијата се уплатени на сметката за донации  на Црвен Крст на Р.Македонија за настраданото население погодено од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

Директорот Петревски изразува голема благодарност до сите вработени во претпријатието кои учествуваа во оваа акција и со својата солидарност дадоа поддршка со финансиски средства.

Исто така, упатуваме апел до граѓаните да ја изразат својата хуманост и да донираат средства во висина од 100 денари со повик на телефонскиот број 143 400.

ЈП „Градски паркинг“- Скопје е општествено одговорно претпријатие и ќе продолжи да придонесува секогаш кога е потребно за граѓани на кои им е неопходна помош.

 

 

 

 

Извор: ЈП Градски паркинг Скопје 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе