HomeЈавен секторГрадски паркинг Скопје: Меморандум за соработка со здружението „Донирај компјутер“

Градски паркинг Скопје: Меморандум за соработка со здружението „Донирај компјутер“

Во просториите на дирекцијата на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, беше остварена средба помеѓу директорот на претпријатието Крсте Петревски и претставникот на здружението „Донирај компјутер“, Борче Стаменов.

На средбата се разговараше за важноста на мисијата на ова здружение, а тоа е да му се подаде рака на секое дете за едукација со обезбедување на компјутер.

Здружението „Донирај компјутер“ веќе 6 години работи со една цел- донација на половни компјутери на деца чии родители немаат услови да им обезбедат.

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје склучи меморандум за соработка со ова здружение и како општествено одговорно претпријатие претставува поттик за сите останати, да преземат ваков чекор, како би помогнале да се едуцира секое дете во државата.

 

 

 

 

Извор: ЈП Градски паркинг Скопје

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Остануваме цврсто определени кон европскиот пат, бараме принципи и нормално...

0
„Почитуван претседател на Европскиот совет, господине Кошта, Почитувани претставници на медиумите, Дозволете ми најнапред да му посакам добредојде на претседателот Кошта и искрено да му се...