spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаСеверна Македонија покажа дека во моментов е фактор на стабилност на Балканот

Северна Македонија покажа дека во моментов е фактор на стабилност на Балканот

Премиерот Димитар Ковачевски, во интервју за државната агенција МИА, за време на одржувањето на Минхенската безбедносна конференција, меѓу другото, зборуваше и за предизвиците и перспективите на Северна Македонија на панелот за Западен Балкан.

„Панелот за Западен Балкан беше одлична можност уште еднаш да се потенцира фактот дека веќе не е прашање дали Западен Балкан ќе стане дел од ЕУ, туку кога ќе стане дел од ЕУ. Тоа е првата и основна работа. Втората е, многу отворено се разговараше за напредокот на државите во евроинтеграциските процеси, Балканот не е таков каков што изгледаше во деведесеттите години. Албанија, Северна Македонија, Словенија, Хрватска, ако зборуваме за земјите од бивша Југославија, како и Црна Гора, се веќе земји членки на НАТО. Црна Гора, Албанија, Северна Македонија, Србија, ги имаат отпочнато преговорите со ЕУ. Се работи за еден друг амбиент кој во моментов го имаме“, оцени премиерот Ковачевски за МИА и додаде дека Северна Македонија покажа дека во моментов е фактор на стабилност на Балканот и дека тука сме како членка на НАТО, како земја која ги отпочна преговорите со ЕУ и како земја која претседава со ОБСЕ, најголемата безбедносна организација во Европа.

Зборувајќи за перспективите на Северна Македонија, премиерот Ковачевски истакна дека државава учествува во важни процеси.

„Регионот се перцепира како стабилен и особено Северна Македонија како држава која е фактор на стабилност во регионот. Зошто? Ќе потенцирам уште еднаш, ние сме земја членка на НАТО, земја која ги отпочна преговорите со ЕУ и земја која претседава со ОБСЕ, меѓутоа и држава којашто после она што го помина во почетокот, во доцните деведесетти и во 2001 година, сме земја, којашто е учесничка во Берлинскиот процес и којашто е земја од Отворен Балкан. Тоа се практично организации и процеси коишто ја јакнат и ја унапредуваат регионалната соработка, односно слободното движење на луѓе, капитал, стоки и услуги. И, уште еден многу важен фактор, а тоа е дека Северна Македонија е депонент, држава, односно нашето Министерство за надворешни работи, на договорите коишто се потпишаа во Берлинскиот процес. Дополнително, на самата дискусија која се водеше, практично Северна Македонија беше како пример за држава којашто низ добрососедски односи, низ дипломатски напори успеа да ги реши големите проблеми коишто ги имаше и сега да напредува во европските интеграции“, нагласи премиерот Ковачевски во интервју за државната агенција МИА.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...