spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКрушево: Реконструкција на кровна конструкција и фискултурна сала во ОУ Никола Карев

Крушево: Реконструкција на кровна конструкција и фискултурна сала во ОУ Никола Карев

Согласно Програмата за изградба и реконструкција на Основни училишта за 2023 година обезбедени се средства во висина од 7.970.833,000 денари за Реконструкција на кровна конструкција и фискултурна сала во ОУ Никола Карев.

Создаваме услови за учениците кои сега се образуваат, исто така и за идните генерации кои ќе се образуваат во ова училиште. Голем предизвик, но и одговорност е да се обезбедат современи, ефикасни и безбедни услови за учење. Со реконструкцијата на кровот на училиштето и фискултурната сала ќе се подобрат физичките услови за реализирање на воспитно-образовниот процес. Нашите ученици и наставници ќе бидат посреќни, позадоволни и помотивирани за постигнување на нови успеси и признанија.

Остваруваме уште еден значаен и голем проект и останува посветени на целта за добросостојба на сите жители во Општина Крушево.

Изразувам голема благодарност за поддршката што постојано ја добиваме од Владата на РСМ и на тој начин ја негуваме и зајакнуваме врската меѓу централната и локалната власт!

 

 

 

Извор: Општина Крушево 

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...