spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаПросечната нето-плата достигна 34 364 денари

Просечната нето-плата достигна 34 364 денари

Континуирано се зголемува просечната месечна исплатена нето плата. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2022 година, изнесува 34 364 денари. Тоа е зголемување за 4 421 денари или 14.8% од истиот месец во 2021 година, кога изнесувала, 29 943 денари.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Преработувачка индустрија (20.4 %), Уметност, забава и рекреација (20.2 %) и Административни и помошни услужни дејности (19.0 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање (10.4 %), Дејности во врска со недвижен имот (10.2 %) и Уметност, забава и рекреација (8.4 %).

Растот на просечната нето-плата е резултат на економските мерки и политики што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата.

И во следниот период, Владата продолжува со креирање на мерки и на амбиент за повисоки стапки на економски раст и раст на приходите на сите граѓани, со цел да се унапреди животниот стандард на граѓаните особено во услови на светска енергетска криза.

 

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Карпош: Реконструирани три краци од улицата „Скупи“

0
Деновиве се одвиваше завршната фаза од градежните активности при што беа реконструирани трите краци од улицата „Скупи“ која се наоѓа во населеното место Злокуќани....