spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМаркетингГрупацијата Iute ги објавува неревидираните резултати за 2022 година

Групацијата Iute ги објавува неревидираните резултати за 2022 година

На патот кон профитабилна финтек банка

СТРАТЕШКИ ДОСТИГНУВАЊА ВО ГРУПАЦИЈАТА

  • Бројот на активни клиенти достигна 293 илјади (31 дек. 2021: 222 илјади) со приход од клиент 346 еур (12/2021: 300 eur).
  • Вкупниот број на клиенти порасна за 14,4% или 928 илјади (31 дек. 2021: 811 илјади).
  • Пораст на консолидираниот биланс на состојба од 93,3% или 322,3 милиони евра и двојно поголем капитал од 56,1 милиони евра на 31 дек. 2022 г.
  • Пораст на консолидиран вкупен приход пред трошоци од 45,7% или 89,2 милиони евра (12/2021: 61,2 милиони евра).
  • Консолидирана EBITDA речиси двојно зголемена од 45,1 милион евра (12/2021: 24,9 милиони евра).
  • Три пати повеќе консолидиран нет профит од 19,6 милиони евра (12/2021: 6,1 милиони евра).
  • Менаџментот на банката во Молдавија е интегриран во Iute, завршен административен процес од страна на Националната Банка на Молдавија.
  • Зголемена употреба на мобилната апликација MyIute – 477 илјади преземања (31 дек. 2021: 181 илјада).
  • Сите производи и услуги на ИутеКредит се реализираат преку единствена IT платформа – New Core.
  • Енергбанк е подготвена за имплементација на нови технологии, нов организациски модел и бизнис процеси.

ОПЕРАТИВНИ ДОСТИГНУВАЊА БЕЗ ЕФЕКТОТ ОД АКВИЗИЦИЈА НА БАНКА

  • Зголемена исплата на кредити за 30,1% или 218,8 милиони евра (12/2021:167 милиони евра).
  • Зголемен број на потпишани кредити за 19,9% или 349 илјади (12/2021: 291 илјада).
  • Зголемено бруто кредитно портфолио за 35,5% или 163,1 милион евра (31 дек. 2021120,4 милиони евра) од кои главнината е зголемена за 38,3% или 146,6 милиони (31 дек.2021: 106 милиони евра).
  • Дисциплината на отплата (Customer Performance Index, CPI30) е значително подобрена на 90,4% (12/2021: 86,7%).
  • Зголемено нето кредитно портфолио за 38% или 145,4 милиони евра (31 дек.2021: 105,4 милиони евра).
  • 71 бескартичен банкомат во функција (31 дек. 2021: 30 банкомати).

ФИНАНСИСКИ ДОСТИГНУВАЊА БЕЗ ЕФЕКТОТ ОД АКВИЗИЈА НА БАНКА

  • Пораст на приходот од камати и провизии од 25,1% или 60,5 милиони евра (12/2021: 48,3 милиони евра) заради зголеменото потфолио.
  • Пораст на нето приходот од камати и провизии од 24,1% или 42,1 милион евра (12/2023: 34 милиони евра).
  • Пораст на вкупниот приход од 18,5% или 72,5 милиони евра (12/2021: 61,2 милиони евра).
  • Соодносот на трошоците наспроти приходите е 45,4% (12/2021: 40,3%) воглавно како резултат на аквизицијата на Енергбанк и трошоците за изработка на нови извори на приход.
  • Приспособен сооднос на трошоци наспроти приходи 40,7% заради трошоците поврзани со арбитражата во Косово и трошоците за интеграција.
  • ЕБИТДА, приспособена за курсни разлики, ревалоризации и еднократни настани, пред сé, приходи од Енергбанк и арбитражата за Косово, се зголеми за 25.1%, на 28,6 милиони евра (12 милиони евра/2021: 22,8 милиони евра).
  • Нето профитот, приспособен заради приходот од Енергбанк и трошоците за арбитража во Косово e 7,4 милиони евра (12/2021: 6,1 милиони евра).
  • Силна капитализација и профитабилност – обврските од Евро-обврзницата се надминати.

Талин, Естонија, 21 февруари 2023. IuteCredit Европа (“ICE”), водечка европска групација за финансии ги објавува неревидираните резултати за 2022 година.

“2022 година беше година за паметење во групацијата Iute. Успешното завршување на многу проекти кои беа започнати во изминатите години се случи во исто време со надворешни фактори како зголемената инфлација, нови регулативи и селективна побарувачка од страна на клиентите. Во таа насока, преземаме таргетирани иницијативи кои ќе придонесат за одржлив развој во годините кои доаѓаат.

Во 2022 година ги надминавме поставените цели за консолидиран приход од најмалку 75 милиони евра со пораст за речиси 20% или 89 милиони евра. Дополнително, успеавме да го зголемиме нето профитот за речиси 20% на 19 милиони евра, во споредба со поставената цел од најмалку 16 милиони евра. Консолидираниот биланс на состојба порасна на 322 милиони евра до крајот на 2022 година, бројот на активни клиенти се зголеми на 178 илјади, а бројот на корисници на платежните услуги достигна над 90 илјади. Со тоа, го зголемивме своето влијание на нашите четири пазари – Македонија, Бугарија, Молдавија и Албанија.

Квантитативните бројки ги рефлектираат квалитативните димензии на нашиот бизнис, кој го подигнавме на ново ниво во 2022 година. IuteGroup разви и промовираше унифицирана технолошка платформа која го движи бизнисот со инстант кредити во сите земји на Групацијата и ќе овозможи бизнис со прекугранични плаќања во иднина. Целосното дигиталното искуство со апликацијата MyIute веќе е во пораст. Кумулативниот број на преземања на MyIute се зголеми на 468 илјади. Благодарение на можностите на нашиот бизнис, организација, процеси и технологија, Iute може да се интегрира на систематски начин во онлајн животите на нашите клиенти.

Во овој поглед, беспрекорната интеграција на Енергбанк во IuteGroup продолжува да напредува. Нашата цел е да го искористиме неискористениот потенцијал на банката и да придонесеме за раст на Групацијата. Во 2022 година, деловните операции на банката придонесоа со речиси 5 милиони евра во нето-добивката на Групацијата, а во исто време ги оптимизиравме принципите на управување и менаџерскиот тим, како и аспектите насочени кон клиентите, технологијата и податоците.

IuteGroup продолжува да инвестира во четирите стожери за развојот на Групацијата:

  1. Data Science, во суштина напредно ниво на поврзување на податочните точки за подобрување на искуството и продажбата на клиентите, притоа намалувајќи ги ризикот и трошоците. Тука се потребни и напредно управување со податоци и висококвалификувани луѓе.
  1. Развивање и лансирање на целосен опсег на услуги за виртуелен паричник, каде што клиентите можат лесно да примаат каков било вид на плаќање на нивната тековна сметка со Iute и да го трошат преку различни дигитални канали. Албанија ќе биде првата земја што ќе започне да функционира оваа услуга во вториот дел од 2023 година.
  1. Беспрекорна интеграција на кредитните и платежните услуги на Iute во е-трговија
  1. Целосна дигитализација на клиентското искуство во првата банка во рамките на IuteGroup.

Подготовките за рефинансирање на претходно издадената еврообврзница во обем од 50 милиони евра се на добар пат. Во зависност од побарувачката на пазарите на капитал, ги оценуваме најповолните можности и за IuteGroup и за нашите сопственици на обврзници, било да се тоа рефинансирање или откуп. Во овој контекст, ги разгледуваме и барањата за финансирање за планираниот раст на Групацијата. Нашата стратешка цел е да достигнеме 1 милион клиенти кои плаќаат, во следните три години, што би одговарало на билансот на Групата од 1 милијарда евра до крајот на 2026 година. Со оглед на очекуваниот пад на СВТ, но подобрената дисциплина за отплата на нашите клиенти и зголемена употреба на услугите за виртуелен паричник, си поставивме амбициозна цел да генерираме годишен приход што е еднаков на 20% од билансот на состојба. Според тоа, нашиот биланс на состојба мора да содржи само неопходни и високо искористени ставки со цел да се постигне нето профитна маржа од 20%. За сето горенаведено, мора да се земе предвид подигање дополнителен долг и капитал. Промената во структурата на капиталот во контекст на развојот на Групацијата зависи од условите за финансирање, така што во најдобар интерес на компанијата и инвеститорите, исто така се поставува прашањето дали условите договорени во моментот на издавањето еврообврзницата нема да го забават нашиот раст во иднина.

До крајот на 2023 година, очекуваме да имаме повеќе од 230.000 клиенти за кредитирање и 130.000 клиенти за виртуелен паричник. Консолидираниот биланс на состојба се проценува дека ќе надмине 350 милиони евра. Очекуваме приходи од нашите услуги од најмалку 100 милиони евра за камати, такси и давачки и консолидирана нето добивка од повеќе од 12 милиони евра“, рече Тармо Силд, извршен директор на Групацијата IuteCredit.

 

 

 

 

Извор: ИутеКредит Македонија

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...