spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Отворена фитнес зона во Општина Крива Паланка

АМС: Отворена фитнес зона во Општина Крива Паланка

Во општина Крива Паланка директорот на Агенција за млади и спорт Наумче Мојсовски заедно со градоначалникот Сашко Митовски во придружба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, извршија примопредавање на фитнес зона, трета од “Проектот 15 фитнес зони” започнат од почетокот на оваа 2023 година.

Покрај примопредавањето на фитнес зоната се направи и увид на локацијата за реконструкција на повеќенаменското игралиште во с. Мождивњак . Оваа реконструкција ќе започне во текот на месец март.
Следните денови ќе се реализира примопредавање на фитнес зоните во општина Шуто Оризари и општина Струмица. Агенцијата за млади и спорт продолжува да ги развива условите за спорт и рекреација во општините.

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...