spot_img
spot_img

ДКСК: Меморандум за соработка со Јавното обвинителство

Самостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Меморандум за соработка со Јавното обвинителство

Најчитано

Државната комисија за спречување на корупцијата и Јавното обвинителство на Република Северна Македонија потпишаа Меморандум за соработка.

Меморандумот беше потпишан од страна на претседателката на ДКСК Билјана Ивановска и Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески.

Целта на Меморандумот е да се  унапреди и зајакне соработката меѓу двете институции за работи од заеднички интерес поврзани со законски утврдените надлежности.

Со Меморандумот се превдидува зајакнување на соработката меѓу двете институции преку навремена, непосредна и взаемна комуникација која ќе обезбеди размена на суштествени податоци и информации, поврзани со наоди содржани во предметите по кои постапува Државната комисија за спречување на корупцијата, а за кои се доставува иницијатива за поведување постапка за кривично гонење до надлежно јавно обвинителство како и преку подготовка на заеднички проекти за унапредување на меѓуинституционалната соработка.

Со Меморандумот е предвидено двете институции да номинираат лица задолжени за меѓусебна ефикасна и ефективна комуникација.

На чинот на потпишување на Меморандумот обострано беше изразено задоволството од попишување на истиот со надеж дека ќе се придонесе за интензивирање на соработката а во насока на остварување на заедничката цел односно поефикасна борба со корупцијата во Република Северна Македонија.

 

 

 

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата

spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
[td_block_ad_box spot_img_horiz="content-horiz-center" media_size_image_height="1000" media_size_image_width="1000