spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Хусејин - Целите за одржлив развој претставуваат план за креирање подобра...

МТСП: Хусејин – Целите за одржлив развој претставуваат план за креирање подобра иднина за сите

Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин учествуваше на 3-от Состанок на заедничкиот управувачки комитет за Рамката за соработка за одржлив развој помеѓу Северна Македонија и ООН 2021-2025.

На самиот почеток од своето обраќање, заменик министерот Хусејин истакна дека: „Целите за одржлив развој претставуваат јасна визија за одржлива иднина, односно план за креирање на подобра иднина за сите, со цел да се стави крај на екстремната сиромаштија, нееднаквоста, да се осигура владеење на правото и да се заштити нашата планета”.

Тој додаде дека овој план од денешен аспект претставува предизвик за сите бидејќи се спроведува во услови на глобална економска и енергетска криза, здравствена криза предизвикана од Ковид 19, кои дополнително се продлабочија со украинската криза и зголемувањето на цените на храната и енергенсите.

„Сите овие случувања треба да не поттикнат уште повеќе да ја зајакнеме нашата соработка, да ги вмрежиме ресурсите и да ги фокусираме нашите интервенции со цел да успееме да го подобриме животниот стандард на луѓето преку пристапот до одржливо вработување. Заеднички да ја подобриме вработливоста на ранливите групи на луѓе, лицата кои тешко се вработуваат и се далеку од пазарот на трудот, со посебен фокус на младите за кои треба да создадаме вистински сет на обуки за добивање на вештини, услуги на поддршка и вработувања со цел да го намалиме одливот на мозоците од нашата држава и да ги задржиме младите да останат и да придонесуваат со своето знаење во нашата економија. Не помалку важно е и подобрување на родово одговорното деловно опкружување, регулаторната рамка и услугите кои го поддржуваат семејното и трансформативно вработување, приспособено на современите трендови”, рече заменик министерот за труд и социјална политика.

Заменикот Хусејин се осврна и заштитата на децата, потенцирајќи дека: „Потребно е заеднички да ги зајакнеме превенцијата од и борбата против сите форми на насилство врз децата, вклучително и сексуалната експлоатација и злоупотребата на децата преку интернет”.

Во својот говор, заменик министерот за труд и социјална политика се осврна и на воведување на моделот за проценка за дополнителна поддршка на образованието, здравствената и социјалната заштита на децата и младите со попреченост, врз основа на Меѓународната класификација на функционирање (МКФ).

 

Тој информираше дека и во наредниот период ќе се продолжи со дооформување на сите комисии, инвестирање во стручните работници, за да може децата со попреченост и нивните семејства да ја добијат соодветната поддршка и помош со цел да го остварат својот полн потенцијал.

Во наредниот период, како што информираше Хусејин, ќе се забрзаат и активностите поврзани со родово базираното и семејното насилство преку развој на програма за сторителите, мапирање на услугите за родово базираното насилство и сексуалното и репродуктивно здравје и градење на капацитетите на давателите на услуги.

На крајот, заменик министерот Хусејин се заблагодари на сите Агенции на Обединетите нации во нашата земја за досегашната поддршка и заеднички напори во спроведувањето на политиките и плановите за одржлив развој и да посака успешна соработка во имплементацијата на новата рамка за заедничка соработка.

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте