spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Тренчевска - Северна Македонија е позитивен пример во регионот за успешна...

МТСП: Тренчевска – Северна Македонија е позитивен пример во регионот за успешна реализација на Гаранција за млади

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска учествуваше на регионална конференција посветена на Гаранција за млади, во Скопје. На настанот учествуваа и амбасадорот на ЕУ во земјава, Дејвид Гир, директорот на Агенцијата за вработување на РСМ, Беким Мурати и националниот координатор на МОТ, Емил Крстаноски.

 

Дводневниот настан има за цел презентирање на македонското искуство во спроведувањето на Гаранцијата за млади пред претставниците на надлежните државни институции од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора во рамки на студиската посета и конференцијата што се одржува на оваа тема во Скопје.

Министерката Тренчевска, изрази задоволството за тоа што нашата држава е препознаена како позитивен пример во регионот за успешно спроведување на Гаранција за млади.

„Посебно сме горди  што Република Северна Македонија е првата земја која не е членка на Европската Унија, и од 2018 година и во континуитет успешно го спроведува проектот Гаранција за млади. Од воведувањето во 2018 година до денес, над 80.000 млади лица се вклучија во Гаранцијата за млади. Речиси 40% од учесниците во Гаранција за млади добија понуда за вработување, континуирано образование и обука, и беа вклучени во практиканство, што се смета за позитивен исход,“ истакна Тренчевска.

Таа посочи дека во 2021 година околу 94 илјади млади луѓе во Република Северна Македонија не беа вработени, не беа вклучени во образование или обука, што одговара на четвртина од вкупното младо население. Овој удел, иако сѐ уште голем, е во тренд на опаѓање во однос на 2016 година, кога 136 илјади млади луѓе биле во категоријата NEEDS (млади од ранливи категории) односно 31,3%.

Успешната реализација на Гаранција за млади е подржана и од Европската унија. Во 2020 година Владата на РСМ потпиша финансиската спогодба за Договорот за Секторска Буџетска поддршка финансиран во рамки на ИПА програмата преку кој се обезбеди финансиска поддршка за спроведување на Гаранција за млади.

Исто така во јули 2021 година Република Северна Македонија се обврза на преземање чекори за натамошно зајакнување на спроведувањето на Гаранција за млади, и усогласување на нејзиното спроведување со начелата што се утврдени во Препораката на Советот на ЕУ за Мост кон работни места – Зајакнување на Гаранцијата за млади (2020).

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

МТ: Николовски – Нема да дозволиме ПОШТА да колабира поради приватни...

0
Ќе се избориме да ја одржиме Македонска пошта и нема да дозволиме приватните интереси да ја уништат државната пошта, истакна вицепремиерот Николоски во поткастот...