HomeМинистерстваМЖСПП: Соопштение за начинот за полагање за испитот за управител со отпад

МЖСПП: Соопштение за начинот за полагање за испитот за управител со отпад

spot_img
spot_img

Ги информираме сите потенцијални кандидати за полагање на испитот за управител со отпад дека испитот ќе се организира во две испитни сесии: октомвриска и априлска сесија.

Огласот за полагање на испитот ќе биде навремено објавен на веб страницата на Министерството, најмалку 15 дена пред отпочнувањето на испитната сесија и тоа во првото тримесечје на месец март 2023 година.

Испитот за управител со отпад се полага во 2 дела: теоретски и практичен дел (со растојание од најмалку 15 денови помеѓу двете полагања).

Сите потребни информации во врска со полагањето на испитот за управител со отпад се содржат во следните документи и истите може да ги најдете на веб-страницата на МЖСПП:

  1. Услови кои кандидатот треба да ги исполнува за полагање на испитот за управител/виш управител со отпад
    1. Правилник за начинот на полагање на стручниот испит за управување со отпад, образецот на уверението и сертификатот, како и висината и начинот на плаќање на надоместокот за полагање на стручниот испит
    2. Програма за полагање на стручен испит за управител/виш управител со отпад
    3. Регистар на правни лица овластени за вршење на обука за полагање на испитите за управител и виш управител со отпад
    4. Образец – Барање за полагање за испит за управител/виш управител со отпад

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте