spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниПехчево: „Уредување на рекреативен центар во туристичка населба Равна Река“

Пехчево: „Уредување на рекреативен центар во туристичка населба Равна Река“

Завчера во просториите на Општина Пехчево беше потпишан Договор помеѓу Центарот за развој на Источен плански регион, фирмата „Градежник ИНГ“ ДООЕЛ Берово и крајниот корисник Општина Пехчево за реализација на проектот „Уредување на рекреативен центар во туристичка населба Равна Река – I и II фаза“.

      

Проектот е во вредност од 12.023.416,48 денари и е финансиран од страна на Бирото за регионален развој преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2021/2022 година, спроведен од страна на Центарот за развој на Источен плански регион, а краен корисник од реализација на истиот е Општина Пехчево.

 

Времетраењето на проектот е во период од шест месеци од денот на воведување во работа.

 

 

 

 

Извор: Општина Пехчево

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...