Завчера градоначалникот г.Блерим Беџети заедно со градоначалничка на град Скопје г.Данела Арсовска и Директорот на Ј.П Паркови и Зеленило г. Зухејр Реџепи, ја посетија населено место Горно Свиларе за да го проверат заедно со жителите функционирањето на водоснабдувањето, проблем кој веќе подолго време ги мачи жителите од оваа населба.
Исто така г. Беџети заедно со градоначалничката на Град Скопје имаа можност да ги слушнат грижите и идеите на жителите за изнаоѓање решенија за проблемите со кои се соочуваат нашите населени места.
Посветени сме да работиме заедно со сите вас за да обезбедиме услови за поквалитетен живот на целата територија на нашата општина.
Извор: Општина Сарај