spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Со Биотек доделени здравствени ваучери на децата со попреченост

Кисела Вода: Со Биотек доделени здравствени ваучери на децата со попреченост

Под слоганот “Ретко е да си редок”, Општина Кисела Вода заедно со компанијата “Биотек” го одбележаа вчерашниот 28 февруари, Светски ден на лицата со ретки болести.

По тој повод, на децата со посебни потреби, во двете сензорни соби кои општината заедно со оваа компанија ги изгради минатата година, им беа доделени 25 ваучери во вредност од по 6000 денари, кои им овозможуваат педијатриски невролошки преглед, комплетна крвна слика и ЕЕГ по индикација.

 

 

-Симболично, денес, на Светскиот ден на лицата со ретки болести, кој во нашата општина е еден од многуте денови кога се подигнува свесноста за луѓето со ретки болести, заедно со компанијата Биотек, на дечињата на попреченост им доделивме ваучери за невролошки преглед, а специјалистот кој го врши прегледот, ќе одреди доколку некое дете има потреба од ЕЕГ и ќе се изврши снимање, што би овозможило навремена дијагностика и ран третман. Дополнително, вредносниот ваучер опфаќа и целосна крвна слика. Сакаме да се заблагодариме на Биотек, како компанија која во повеќе наврати ја покажува својата општествена одговорност и со која веќе отворивме две сензорни соби, што ја поддржува и следи идејата на Општина Кисела Вода за овозможување на целосен развоен потенцијал на овие дечиња. Се надеваме дека соработката во вакви и слични проекти ќе продолжи и понатаму, а ние како локална самоуправа ќе продолжиме и со самостојни инвестиции во насока на унапредување на условите за децата со попреченост и нивна социјализација. Секое дете заслужува еднакви можности за добра здравствена грижа и соодветен раст и развој, велат од Општина Кисела Вода.

-На светскиот ден на ретки болести се приклучуваме кон кампањата за будење на свесноста за брз пристап до здравствена стручна нега и грижа, рана дијагностика на аутизам, други разни невролошки состојби и синдроми кои се поврзани со епилепсии но и без, атипичен развој кај децата кои немаат аутизам но се со различни посебни потреби. Ја потенцираме важноста  за рушење на стигмата и изолацијата со која овие деца и нивните родители секојдневно се среќаваат при остварување на своите права. Да се обезбеди брз и ран пристап до стручна грижа и нега кај педијатар за развојно невролошко следење, ултразвучно следење на развојот на мозокот и рана еег-дијагностика, а што е фунадмент во раната дијагностика на невролошките состојби и синдроми како што е аутизам, АДХД, епилепсии и епилептични синдроми и рани структурни и наследни болести на мозокот. Со рана, навремена дијагностика пред навршувањето на првата година, кај детето овозможуваме шанса за добар тераписки третман, добар невролошки развој и брзо вклучување и адаптирање кон образовните инститтуции, како и оспособување на единката за самостојно функционирање-изјави д-р Катерина Василева Димовска, специјалист педијатар која ја вршеше тријажата на дечињата.

-БИОТЕК групацијата продолжува со своите хумантирни акции наменети за децата со специјални потреби. Оваа година, по повод денот на ретките болести, за децата на кои минатите години им дониравме сензорни соби и други помагала, со нашиот нов член на групацијата, Биотек поликлиника, ќе им подариме 25 ваучери за невролошки прегледи. Децата се нашата иднина. Ние се трудиме да ја помогнеме нивната иднина. Драго ми е што со раководството на Општина Кисела Вода делиме заеднички приоритети и преку заемната соработка, овозможуваме афирмација на вистинските вредности. Денешниот настан е еден одличен пример за горекажаното -истакна директорката на Биотек, Анкица Синадинова Базерко.

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода 

Прочитајте

Заменик претседателот Фетаи ја претставуваше Владата на на Регионалната конференција „GovTech“...

0
Заменик-претседателот Арбен Фетаи денеска учествуваше на регионалната конференција „GovTech“ во Тирана, покрај Премиерот на Република Албанија, г. Еди Рама и други претставници од земјите...