spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Бочварски - Политиките на интеграција во регионот ги реализираме преку инфраструктурни...

МТВ: Бочварски – Политиките на интеграција во регионот ги реализираме преку инфраструктурни проекти

Транспортните политиките што ги реализираме како Влада се дел од стратешките цели на земјата за членство во Европската Унија, како и за полесна интеграција во регионот.

 

Во континуитет ја реализираме Националната транспортна стратегија 2018-2030 преку реализација на крупни инфраструктурни проекти со кои ја развиваме патната мрежа во државата како услов за подобро поврзување со соседните земји и развивање на европските коридори, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски на Економскиот Форум што се одржува во Скопје, на панелот посветен на инвестициите во инфраструктурата.

 

Министерот Бочварски ја истакна потребата од соработка на земјите заради придобивките од регионалното поврзување. Како пример го потенцираше процесот Отворен Балкан преку кој се поедноставија одредени трговски транспортни процедури меѓу Република Северна Македонија, Албанија и Србија.

 

Тој потенцираше дека пријателите од Европската Унија ја препознаа инвестиционата активност на Северна Македонија во модернизација на европските коридори со кои обезбедуваме регионален придонес на инфраструктурното поврзување.

 

„Спроведовме исправни политики за време на кризата и инвестиравме во крупни инфраструктурни проекти со што обезбедуваме повратен бенефит во економијата. Инвестициите во капиталните проекти се неопходни заради брз развој на земјата, заради олеснување на трговијата и транспортот и интегрирање на земјата во регионот. Минатата година реализиравме најголеми инвестиции во патната и железничката инфраструктура и во таа насока инвестиционата активност ја продолжуваме и оваа година со уште пообемен број на инвестиции во овие два сектори. Се подготвуваме за изградба на нови 120 километри автопатски делници, активно продолжуваме да ги градиме експресните патишта, а продолжуваме и со изградбата на регионалното железничко поврзување со Бугарија, како дел од нашите стратешки проекти за регионалното поврзување.“ – истакна министерот Бочварски.

 

Во рамки на Националната транспортна стратегија, тој го потенцираше и проектот за имплементација на Интелигентни транспортни системи долж Коридорот 10.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за транспорт и врски 

 

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...