spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Средба на ДСЕК Тосевски со ЗМНР на Република Чешка, Дворжак

МНР: Средба на ДСЕК Тосевски со ЗМНР на Република Чешка, Дворжак

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Филип Тосевски, оствари средба со заменикот-министер во чешкото МНР, Мартин Дворжак.

На средбата беше искажано задоволство од развојот на билатералните односи меѓу двете земји изминатите три децении, со нагласок на заемните заложби за натамошно зајакнување на економската и секторската соработка. Интензивниот политички дијалог и динамиката на средби и посети се највпечатлив показател за цврстите меѓусебни врски, констатираа соговорниците.

Реафирмирајќи го принципиелниот пристап на официјална Прага кон процесот на проширување на ЕУ, како и поддршката за Северна Македонија на тој пат, Дворжак посочи дека е неопходно дијалогот со Бугарија да продолжи и покрај бројните предизвици. Во ова насока се осврна на позитивните ефекти од примената на разни проекти поттикнати од Чешката страна, со крајна цел продлабочување на прекуграничната соработка и дијалогот на разни нивоа, со вклученост на сите општествени чинители од двете страни. Упати честитки за нашето претседавање со ОБСЕ во исклучително сложен период, високо оценувајќи го досегашниот ангажман.

 Дефинирајќи ги меѓусебните релации како традиционално блиски и партнерски, Државниот секретар Тосевски ја поздрави принципиелната поддршка од Република Чешка за нашиот евро-интегративен  процес. Порачувајќи дека Северна Македонија останува посветена на реформските процеси и на градењето добрососедски односи, изрази задоволство од фактот дека токму за време на чешкото претседателство се одржа првата меѓувладина конференција со ЕУ.

 

ДСек Тосевски исто така, високо ги оцени заложбите на Чешка, и нејзината проактивна улога во насока на продлабочување, унапредување и градење на добрососедски односи помеѓу Р.Северна Македонија и Р.Бугарија.

На средбата беа опфатени и перспективите на економските односи меѓу двете земји, како и можностите за продлабочување на секторската соработка во области од заеднички интерес.

 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

МЗШВ: Бачовски – Земјоделците навремено ги добиваат заслужените субвенции, обезбедуваме годишна...

0
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше досега најголемата поддршка за тутунопроизводителите, вредна близу 1.5 милијарди денари, кон 14.300...