spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаСо новата владина одлука пекарите и трговците мора да го произведуваат и...

Со новата владина одлука пекарите и трговците мора да го произведуваат и испорачуваат лебот од 33 денари, граѓаните мора да ги имаат основните производи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски денеска беа во посета на еден од маркетите во Скопје, со цел да се види состојбата на терен со продажбата на лебот со замрзната цена.

Премиерот Ковачевски посочи дека со новата владина одлука пекарите и трговците се обврзуваат да го произведуваат и испорачуваат белиот и полубел леб од 33 денари, бидејќи граѓаните мора да ги имаат основните производи.

„Државниот пазарен инспекторат утврди сериозни пореметувања на домашниот пазар во Скопје и Тетово, поради недостаток на бел и полубел леб, за кој Владата донесе Одлука за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, која стапи на сила на 28 февруари 2023 година.

Поради ваквата состојба и токму водени од потребите на граѓаните, Владата донесе одлуки со цел нормализирање на пазарот и излегување во пресрет на потребите на нашите граѓани. Трговците на мало кои продаваат леб, имаат обврска во дневната набавка на сите видови леб, да имаат најмалку 80% од лебот со замрзнатата цена. Додека, трговците кои се занимаваат со производство, имаат обврска да го произведуваат и да го ставаат во промет, белиот и полубелиот леб, во количина од најмалку 80% од производството на овој леб во месец декември 2022 година. Исто така, Владата одлучи дека трговците, за испорачаниот леб, на производителот на лебот треба да му платат најдоцна во рок од 20 дена од денот на приемот на фактурата за испорачаниот леб“, рече премиерот Ковачевски додавајќи дека со овие мерки се штити стандардот на граѓаните. Ковачевски посочи дека двата пакети антикризни мерки во 2022 година, кои изнесуваа над 760 милиони евра, беа наменети и за граѓаните и за компаниите.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте