HomeМинистерстваМЕ: Инвестициите во енергетска транзиција и зелена енергија се наш приоритет

МЕ: Инвестициите во енергетска транзиција и зелена енергија се наш приоритет

spot_img
spot_img

Министерот за економија Крешник Бектеши вчера во Министерството за економија оствари работен состанок со претставници од американска бизнис заедница, кои се во посета на Северна Македонија.

Главна тема на состанокот на кој присуствуваа и специјални претставници од Стејт Департментот беше зајакнување на соработката и реализација на инвестиции пред се во делот на енергетиката.

Министерот Бектеши го поздрави интересот на американските компании за инвестиции во Северна Македонија и ги презентираше условите и можностите за реализација на инвестициски проекти во земјата, пред се во делот на зелена енергија и обновливи извори.

Министерот Бектеши информираше дека Северна  Македонија засилено работи на енергетска транзиција и диверзификација на изворите на снабдување со енергенси.

Земјата, како што кажа министерот Бектеши започна инвестиции во делот на инфраструктурата во енергетскиот сектор, а се реализираат големи инвестиции во обновлива енергија кои наскоро ќе доминират во производството на електрична енергија.

На состанокот присуствуваа претставници од Ексим банка, Иновацискиот фонд за енергетика на Безос, Сименс Енерџи, заменик претседател на американско централно европската бизнис асоцијација и други.

 

 

 

Извор: Министерство за економија 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија