spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Реџепи - Се подготвува измена на Законот за домување

МТВ: Реџепи – Се подготвува измена на Законот за домување

Заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи вчера учествуваше на тркалезната маса „Законот за домување, неговата имплементација и надзор, улогата на локалната самоуправа и измените и дополнувањата на Законот за домување“ во организација на Регулаторната комисија за домување.

Донесениот закон за домување веќе претрпе одредени измени. Во примената на законот во пракса се забележува и одреден дисбаланс на релација сопственици на станови и управителите што очигледно се наметна потребата за доуредување и подобрување на сегашната регулатива. И можам да напоменам дека ние во Министерството веќе работиме на измена на Законот во насока на доуредување на одредбите заради нивна прецизна примена, бидејќи на крај на денот со тоа ќе им олесниме на граѓаните кои живеат во објекти за колективно домување, а од друга страна и управителите ќе имаат подобар пристап во извршувањето на своите обврски, потенцира Реџепи.

Планираме предлог Законот да биде изготвен до месец мај и веднаш после усвојувањето од страна на Владата да биде испратен на разгледување во Собранието.

Се надеваме дека со изготвување на подобрено законско решение значително ќе се овозможи да се надминат проблемите со кои граѓаните секојдневно се соочуваат во праксата, како и да се надополнат постојните правни празнини во законската регулатива, со што значително ќе се подобри квалитетот и ќе се унапредат стандардите во заедничкото живеење, го заврши својот говор заменик министерот Реџепи.

 

 

 

 

Извор: Министерство за транспорт и врски 

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...