spot_img
spot_img

МЖСПП: Шукова – Секогаш сме отворени за соработка која ја поддржува зелената транзиција

МинистерстваМЖСПП: Шукова - Секогаш сме отворени за соработка која ја поддржува зелената...

Најчитано

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова заедно со македонската делегација составена од релевантни институции одржа состанок со американската бизнис делегација, која од 1-3 март беше во посета на нашата држава.

 

Фокусот на разговорите беше енергетската транзиција и инвестициската клима за зелени инвестиции во државата, како и можностите за соработка. Имено, на Конференцијата на ОН за климатски промени во Шарм Ел-Шеик, Египет (COP27), специјалниот претседателски пратеник на САД за климата Џон Кери објави нова иницијатива наречена Проект Феникс, со цел да го отвори патот за забрзана глобална транзицијаод фосилни горива кон почисто, независно и посигурно снабдување со енергија.

 

Во состав на американската бизнис делегација присуствуваа високи претставници од повеќе американски компании, како и специјалниот претставник на Канцеларијата за глобална соработка Дороти Мек Аулиф. Од нивна страна беше претставен проектот Феникас и е укажано дека Северна Македонија е во групата на држави идентификувани како подобни за имплементација на истиот.

 

Средбата беше можност да се разменат информации како појдовна основа за разгледување на можностите за пројавување на интерес и идна соработка.

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
[td_block_ad_box spot_img_horiz="content-horiz-center" media_size_image_height="1000" media_size_image_width="1000