HomeОпштиниБерово: Покана за состанок со жителите од ул.,,Борис Кидрич”

Берово: Покана за состанок со жителите од ул.,,Борис Кидрич”

spot_img
spot_img

Минатата година, преку средства од Бирото за регионален развој и Владата на РСМ, реконструирани се јавните површини (тротоари) на ул.,,Борис Кидрич” во Берово.

Согласно  Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, возачот, односно сопственикот на возилото,  не смее да запре или паркира возило особено на тротоар, односно пешачка патека, ако тоа не е изречно регулирано со сообраќаен знак.

Во интерес на јавно добро и зачувување на јавните површини, а со цел заедничко координирано делување, ги покануваме жителите од ул. ,,Борис Кидрич” на состанок,  во Салата за Совет на Општина Берово, на ден 06.03.2023 година (понеделник), со почеток во 15:00 часот, како би можеле да се договориме како во иднина ќе се користат новоуредените тротоарски површини.

 

 

Извор: Општина Берово

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија