spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБерово: Со ново специјално возило за спасување од природни катастрофи, се јакнат...

Берово: Со ново специјално возило за спасување од природни катастрофи, се јакнат капацитетите на ТППЕ

Во рамките на имплементацијата на проектот „Волонтери преку граница“, Општина Берово ги зголеми капацитетите на ТППЕ Берово, со ново специјално возило за спасување од природни катастрофи, марка Toyota Hilux,  со два посебни модула: модул за гасење на шумски пожари и модул за чистење на снежни наноси.

Проектот “Волонтери преку граница“ (Volunteers across the border), CB006.2.12.117, е проект, финансиран од програмата Интеррег за Прекуграничната соработка, помеѓу Република  Бугарија и Република Северна Македонија, која се фокусира на мерките насочени кон ублажување на последиците од климатските промени, како и во решавањето на прашања поврзани со заштита на природата и биодиверзитетот, одржливо користење на природните ресурси, заштита на животната средина и управување со ризик на прекугранично ниво.

Општина Берово е лидер партнер во проектот, а партнер од Република Бугарија е невладината организација – здружение на граѓани „Заедно за Сандански“.

Возилото е набавено од  компанијата со долгогодишно искуство, во набавка и дистрибуција на специјални возила- ,,Медис”, од Софија, Република Бугарија.

Со набавката на ова возило, значително ќе се зајакнат капацитетите на територијалната противпожарна единица во Берово, при што,  покрај тоа што ќе имаат нова опрема за противпожарна заштита, односно за гаснење на шумски пожари, ќе има и модул за чистење на снежни наноси.

 

Во рамиите на истиот проект, неодамна, група млади од Општина Берово, проследија обука за волонтери и млади од Прекуграничниот регион за справување со природни катастофи, пожари, поплави и слично, со што  се остварува одржливо прекугранично партнерство, во полето на превенција и справување со елементарни непогоди.

 

Буџетот на целосниот проект, изнесува 397.457,46 евра, односно по 179.317,00 евра за Општина Берово и исто толку за Здружението на граѓани “Заедно за Сандански“ од Бугарија.

 

Проект CB006.2.12.117 “Волонтери преку граница”. Проектот е ко-финансиран од ЕУ преку Интеррег ИПА Прекугранична соработка Бугарија – Северна Македонија Програма 2014-2020, CCI 2014TC16I5CB006. Оваа публикација е издадена со асистенција на Европската Унија преку Интеррег ИПА Прекугранична соработка Бугарија -Северна Mакедонија, Програма 2014-2020,- CCI No 2014TC16I5CB006. Содржината на оваа публикација е во целосна одговорност на Општина Берово и во никој случај не ги одразува ставовите на Европската Унија или на Управувачкиот орган на Програмата.

 

 

 

Извор: Општина Берово 

Прочитајте

Градоначалник Манчев: Од 2021 година си поставив за цел да го...

0
1. Какви реформи се случуваат во општинската администрација во Босилово? Реформите во делот на администрацијата се случуваат со законски измени или дополнувања на законите на предлог на Владата...