spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Младите активни учесници во Youth 4 Social Changе

Карпош: Младите активни учесници во Youth 4 Social Changе

Младите лидери од општина Карпош се првите учесници од нашата земја кои се вклучени во меѓународниот проект „Youth 4 Social Change“, кој е финансиран од  Европската Унија како дел од младинската програма Еразмус+, кој пак започна со имплементација во 2022 година. Имено, станува збор за интернационален проект кој исто така се реализира во Германија (Кобург), во Австрија (Салцбург) и во Португалија (Алкобача). Во нашата држава проектот го спроведуваат невладините организации ТАКТ и СПИН, со поддршка на локалната самоуправа од Карпош.

Целта на оваа иницијатива е да се поттикне младата популација кон граѓански активизам преку иновативен пристап за младинска работа. На овој начин, младите карпошани го насочуваат својот ангажман кон нивната заедница, со што се обучуваат како локални агенти кои ќе имплементираат промени во насока на здрав начин на живот. Инаку, во рамки на меѓународниот проект „Youth for Social Change“, младите лидери од општина Карпош развија два проекти кои ќе бидат спроведени во текот на наредните месеци, опфаќајќи актуелни теми присутни на глобално ниво.

 

Во таа насока, првиот проект е наречен „Превеција и заштита од онлајн насилство – Cyber Bulling“, преку кој младите имаат за цел да укажат што претставува онлајн насилството и дали постојат практични решенија за спречување на оваа девијантна појава.

 

Другиот проект е насловен „Реупотреби и намали го ѓубрето – Reuse and reduce“. Преку овој проект младите лидери треба да дознаат, колку нивните врсници се едуцирани за проблемот со загадување на околината од пластичен отпад и оттука, да ја подигнат свеста кај младата популација за овој фактички проблем.

 

 

 

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...