spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Интересот за еврообврзницата поголем за половина милијарда евра од претходната аукција...

МФ: Интересот за еврообврзницата поголем за половина милијарда евра од претходната аукција – потврда за довербата и кредибилитетот на државата

Аукцијата за издавање на деветтата еврообврзница помина успешно, со четирипати повисок интерес од страна на инвеститорите во однос на понудата. Преку аукцијата се обезбедија 500 милиони евра по купонска камата од 6,96%, додека дополнително 100 милиони евра се обезбедуваат од инструментот за макрофинансиска поддршка на Европската комисија, по каматна стапка од приближно 3%. Ова значи дека рефинансирањето на еврообврзницата од 2016 година и другите отплати на претходни задолжувања, кои достасуваат и за кои беа наменети овие средства, ќе се изврши според исти каматни трошоци постигнати со претходната аукција.

Интересот на инвеститорите за деветтата еврообврзница беше над 2 милијарди евра или за половина милијарда евра повисок во однос на  првата аукција, а тоа уште еднаш ја докажа нивната доверба во политиките што ги води Владата.

Остатокот од средствата планирани за буџетските потреби за 2023 година се обезбедува преку поволни заеми од меѓународни финансиски институции, односно од Меѓународниот монетарен фонд, Светска банка и др., со пониска камата, кои во исто време ќе бидат поддршка за политиките што се спроведуваат, а кои на среден и долг рок ќе придонесат за поголем раст.

 

 

 

 

Извор: Министерство за финансии 

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...