Компанијата Иуте донираше 12 000 евра за фамилиите од Турција засегнати од земјотресот.
Минатиот месец, Ѓоксу Тугаи – групациска директорка за корисничко искуство во групацијата Иуте започна донаторска акција за вработените за поддршка на фамилиите во Турција засегнати од земјотресот.
Како резултат на донациите повеќе од 12 000 евра беа собрани и донирани.
Средствата се донирани на невладина организација која внимателно беше избрана – Türkiye Earthquake Relief Fund, која заедно со организацијата AHBAP се вклучени во помош при земјотреси низ годините.
Според информациите, ситуацијата во Турција се уште е далеку од добра, има илјадници луѓе кои се уште живеат во шатори, и страдаат од студ, дожд и недостаток на услови за хигиена.
“Би сакала да се заблагодарам на сите вработени кои учествуваа во донацијата бидејќи на овој начин помагаме на многу луѓе на начин кој не можеме ни да го замислиме во моментов. Овие луѓе претрпеле огромни загуби и во најжестока смисла ја почувстувале суровоста на животот. Со оваа донација барем малку успеваме ги допреме нивните животи”, изјави Ѓоксу.
Извор: ИутеКредит Македонија