spot_img

Со новиот закон за платежни услуги и трговските друштва може да станат платежни институции

МаркетингСо новиот закон за платежни услуги и трговските друштва може да станат...

Најчитано

Новиот Закон за платежни услуги и платни системи, претставен од Народната банка предвидува дека платежна институција и институција за електронски пари може да биде трговско друштво основано во Република Северна Македонија, кое добило од Народната банка дозвола за давање на овие услуги.

Како што истакна Игор Величковски, директор на Дирекцијата за платни системи во Народната банка  компаниите “Иуте” и  “Дајнерс” се пример за платежни институции, бидејќи тие како финансиски друштва во моментов се единствени кои издаваат картички.

Разлика меѓу банките и платежните институции и институциите за електронски пари е тоа што тие ниту собираат депозити, нити даваат кредити.

Ваквите платежни институции ќе имаат можност да издаваат и електронски пари.

„Електронски пари е парична вредност што се чува во електронски облик, вклучувајќи и магнетски облик, издадена врз основа на прием на парични средства за цели на извршување на платежни трансакции, која е прифатена како средство за плаќање од страна на физичко или правно лице, различни од издавачот на електронски пари и која претставува парично побарување од издавачот на електронски пари“, пишува во Законот.

Величковски вели дека со картичките на кои има електронски пари може да има попривлечни услови, може да се користат како картички за подароци, може да се поврзани со попусти во одредени трговски мрежи, а и ќе има лесен пристап до нив. Инаку, и институциите за електронски пари не може да собираат депозити и да вршат кредитирање.

Тој исто така објаснува дека парите што граѓаните ги даваат во платежната институција, или во институцијата за електронски пари се заштитени.

 

 

Извор: ИутеКредит Македонија

spot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе