spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМаркетингИутеКредит Македонија доби плакета за својот значаен придонес и поддршка на...

ИутеКредит Македонија доби плакета за својот значаен придонес и поддршка на СОС Детско село – 2022 година

Иуте Кредит Македонија како партнер поддржувач на стратегијата на СОС Детско село верува дека квалитетот на детството е клучен за идниот развој на индивидуалците, како личности, но и на целото општество. Преку разни активности учествуваше во проектите за поддршка на децата без родителска грижа и оние кои се изложени на ризик да ја загубат грижата од своите семејства.

Изминатата година, беа организирани неколку интересни активности за децата и младите од СОС Детско Село, како Велигденска работилница, работилница за завршеток на учебната година со припрема на овошни салати, сокови и смути, како и организирана едукативна посета на Планетариумот во Скопје.

Во 2023 година Иуте Кредит Македонија и понатаму продолжува да биде дел од убавата приказна со СОС Детско Село и дружбите со децата кои ќе претстојат во наредниот период.

 

 

 

Извор: ИутеКредит Македонија 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...