HomeОпштиниКисела Вода: Договорена соработка со Меѓународниот Балкански Универзитет

Кисела Вода: Договорена соработка со Меѓународниот Балкански Универзитет

Градонaчалникот Орце Ѓорѓиевски беше во официјална пoсета на Меѓународниот Балкански Универзитет во Скопје. Заедно со вицеректорот вон.проф. д-р Мевлудин Ибиш, потпишаа Меморандум за соработка со рамки на образовните и практичните процеси, во склоп со идејата за доживотно учење.

На средбата беа договорени конкретни проектни активности за потребите на општина Кисела Вода. Се разговараше за можни проекти за студентска пракса и архитектонски проекти меѓу двете институции, а посебно внимание се обрна на актуелните случувања во врска со распишаниот конкурс за идејно решение за ДУП за Расадник.

 

Градоначалникот Ѓорѓиевски го промовираше проектот и од двете страни се изрази интерес за вклучување на стручниот персонал и студентите во конкурсот.

Дополнително, на оваа средба, која е само прва од планираните што следат, беше постигнат договор општината да додели стипендии за студирање на ИБУ за најдобрите ученици од училиштата кои се на нејзина територија.

 

Извор: Општина Кисела Вода

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Оваа Влада за две години ја зголеми просечната старосна пензија...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на одлуката дека ќе се прави пресметката согласно...