spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeИнтервјуаМОН: Шаќири - Над 18 милиони евра најголем буџет досега за капитални...

МОН: Шаќири – Над 18 милиони евра најголем буџет досега за капитални инвестиции, приоритет ни се крупните реформски процеси и подобрување на образовната инфраструктура

“Приоритет ставам на покрупните реформски процеси кои веќе се започнати, да овозможиме континуитет и нивно целосно ефектуирање. Ќе ја издвојам промената во основното образование. Годинава имаме опфат на нови одделенија за кои се изработуваат наставни планови, програми и учебници кои мора да бидат подготвени и достапни пред 1 септември. Во меѓувреме ќе се посветиме на подобрување на образовната инфраструктура, не само во основното туку и во средното и високото образование. Мора да обезбедиме пристојни услови за настава за сите ученици и студенти. Обезбеден е убедливо најголем буџет досега за капитални инвестиции, над 18 милиони евра. Планираме изградба на 3-4 училишта, реконструкција на 118 училишни објекти, изградба на 10-ина спортски сали, нов универзитетски кампус за „Мајка Тереза“, како и да продолжи изградбата на ФИНКИ и ФФК”, вели во интервју за Факултети.мк министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

За Шаќири, управувањето на ваков сектор, како што е образованието, не може да се сведе само на кабинетска работа, напротив, морате да излезете на терен, да се соочите и да разговарате со сите чинители во сферата преку зачестени посети по училиштата, редовна комуникација со училишните менаџменти и со самите општини, затоа што така и низ редовна комуникација најдобро се детектираат предизвиците на воспитно-образовниот процес, вели тој.

“Видов модерни, но и училишта каде што условите за настава се на долниот праг на скалата на квалитетот. Училишта чии капацитети се максимално искористени и имаат огромен број ученици и училишта кои се речиси празни, а продуцираат големи трошоци. Затоа пристапивме кон процес за оптимизирање на училишната мрежа, за да може порационално да се користат расположливите финансиски, материјални и човечки ресурси. Ни претстои и унапредување на законската регулатива, односно измени и усвојување на низа нови законски решенија за средното образование, за стручно образование и обука, за образование на возрасните, нов Закон за учебници и Закон за високо образование заради обезбедување повеќе права и можности на нашите граѓани во сферата на образованието”, истакнува Шаќири.

Прочитајте

Македонски Брод: Реконструкција на улицата “Васко Карангелески” и “Илинденска”

0
Активностите за реконструкција на улица “Васко Карангелески” и улица “Илинденска”, кои се наоѓаат во централното подрачје на градот, се во завршна фаза.     ...