spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Организирана обука на тема ,,Родово одговорно буџетирaње и неговата примена во...

МТСП: Организирана обука на тема ,,Родово одговорно буџетирaње и неговата примена во секторските политики и програми”

Министерството за труд и социјална политика продолжува со активностите насочени кон вклучување на родовата перспектива во буџетските политики и процесот на стратешко планирање.

За таа цел во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање се организира дводневна обука на тема ,,Родово одговорно буџетирaње и неговата примена во секторските политики и програми”.

 

На обуката присуствуваат претставници од: Управа за извршување на санкции, Институт за јавно здравје, Агенција за аудио аудио визуелни медиумски услуги, Агенција за катастар на недвижности, Центар за стручно образование.

Обуката е дел од активностите на проектот „Унапредување на институционализацијата на РОБ преку систематска интеграција на родовата перспектива во стратешкото планирање и програмирање на владините институции во Северна Македонија“, поддржан од канцеларијата UN-Women во Скопје.

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...