spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeИнтервјуаМТСП: Политиките не се креираат во канцеларија, туку во комуникација со граѓаните

МТСП: Политиките не се креираат во канцеларија, туку во комуникација со граѓаните

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска за време на нејзината посета во Дебар гостуваше во Телевизија 3.

За време на нејзиното интревју беа опфатени темите: покачување на минималната плата и покачувањето на пензиите во државата, капиталните инвестиции на Министерството за труд и социјална политика во делот на детската заштита, услугата помош и нега во домот и кампањата „Гласна и храбра“ која ја спроведува Министерството за труд и социјална политика во текот на месец март.

 

„На Економско социјалниот совет ја донесовме одлуката за зголемување на минимална плата. Ова системско решение го донесовме изминатата година со Законот за измена и дополнување на минималната плата со што вградивме систем за постојан раст на платите. Со исплатата на мартовската плата нема да има пониска плата од 20.175 денари“ рече Тренчевска во однос на мартовското усогласување на платите.

Министерката во интервјуто истакна дека покрај системското решение за платите, донесено е и системско решение кое гарантира раст и на пензиите. Таа посочи дека новото усогласување на пензиите е 8,4% и истакна дека кога ќе се земе во предвид покачувањето од септември минатата година, усогласувањето во јануари и финансиската помош која ја донесе Владата, направено е многу за пензионерите во изминатиот период.

Тренчевска се осврна и на инвестициите во детската заштита на Министерството за труд и социјална политика.

„Во претходните 3 години и покрај тоа што сме во криза, растат пензиите, растат платите но и продолжуваме со капиталните инвестиции. Еден од најважните приоритети се и најмладите односно инвестирање во предучилишното образование. Во изминатите 5 години имаме изградено вкупно 80 објекти со што го зголемивме опфатот на деца во предучилишното образование. Покрај инвестирањето во објекти, вложуваме и во човечкиот капитал односно вложуваме во јакнење на капацитетите на негувателите и воспитувачите во градинките“ посочи Тренчевска.

На крајот од интервјуто министерката ја објасни и кампањата „Гласна и храбра“ која ја спроведува Министерството за труд и социјална политика во текот на месец март.

„Во пресрет на 8ми март решивме да не говориме за благосостојбата на луѓето само еден ден, туку во текот на цел месец март. Организираме посети на различни населени места и различни целни групи. Целта е да зборуваме за менталното здравје и економското зајакнување. Да зборуваме за предизвиците кои се соочуваат целните групи во различно населено место и да ги креираме заедно политиките. Затоа што политика не се креира во канцеларија, туку во комуникација со граѓаните“ рече Тренчевска.

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

МЕТ: Дурмиши – Исплатена финансиска поддршка на организации на потрошувачи, фондации,...

0
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска додели финансиски средства на организациите на потрошувачи за спроведување на Програмата за заштита на потрошувачите, Програмата...