spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

АХВ: Храна базирана на клетки

Производството на храна базирана на клетки, исто така познато како клеточно земјоделство, вклучува култивирање на клетки изолирани од животни проследено со преработка заради производство на прехранбени производи кои се споредливи со соодветните животински верзии, како што се месо, живина, производи од аквакултура, јајца, итн. Името на прехранбените производи базирани на клетки се добива со користење на терминот „култивирано (а)“ проследен со името на производот, како што се месо, пилешко месо, риба итн.

Со растот на глобалната побарувачка за протеини, прехранбениот сектор бара можности да го прошири опсегот на различни извори на протеини кои истовремено можат да бидат и еколошко одржливи и нутритивно безбедни. Комерцијалниот пејзаж за клеточна храна брзо се шири со различни компании кои развиваат различни производи ширум светот, со првите пилешки прсти (chicken nuggets) базирани на клетки одобрени во Сингапур во декември 2020 година.

Многу органи за безбедност на храната работат заедно за да ги идентификуваат и да ги решат потенцијалните импликации за безбедноста на храната со цел поставување на соодветни регулаторни рамки за заштита на потрошувачите. ФАО, заедно со надлежните органи ангажира многу други засегнати страни, вклучително и истражувачи кои ги проучуваат прашањата за безбедност на храната базирана на клетки, производители на храна базирана на клетки и невладини организации да соработуваат на ова поле за да го унапредат колективното знаење.

 

 

 

Извор: Агенција за храна и ветеринарство 

Прочитајте

ДКСК: Одбележување на Меѓународниот ден за борба против корупцијата

0
Државната комисија за спречување на корупцијата, денес, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден за борба против корупцијата, заедно со партнерите од Проектот на УСАИД...