spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Бабовски учесник на 87 состанок на Советодавниот форум на Европската агенција...

АХВ: Бабовски учесник на 87 состанок на Советодавниот форум на Европската агенција за безбедност на храната (EFSA)

Јакнење на националните капацитети во областа на проценка на ризик за безбедноста на храната и подобрување на алатките за репортирање на националните податоци од спроведувањето на мониторинг програмите, во насока на поддршка на земјите во процесот на усогласување на националните, со системот на Европската унија, со цел обезбедување унифицирани, квалитативни и квантитативни податоци. Ова се дел од темите  во Парма, Италија, кој се дискутираше на 87 состанок на Советодавниот форум на Европската агенција за безбедност на храната (EFSA), на која, во својство на член на Советодавниот форум на EFSA учествува и  директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Николче Бабовски.

На состанокот, членките на Форумот ќе ги разгледаат и актуелните трендови поврзани со проценката и комуникацијата на ризик во областа на безбедноста на храната и ветеринарната политика, а Форумот ќе биде искористен и за продлабочување на соработката и партнерствата, не само со Европската агенција за безбедност на храна, туку и меѓу земјите кои имаат свои претставници во Советодавниот форум.

Акцент во дводневните дискусии ќе биде ставен и на комуникацијата на ризик поврзана со безбедноста на храната и здравствената заштита на животните, за што ќе се дефинираат активностите меѓу сите земји членки на Форумот кои координирано ќе се преземаат. Како алатка за зајакнување на националните капацитети на надлежните органи од областа на безбедноста на храната и ветеринарната политика, според планираното, на Форумот денес и утре, ќе се разговара и за зајакнување и на активностите за организирање школи за комуникација на ризик.

 

 

 

 

Извор: Агенција за храна и ветеринарство 

Прочитајте