HomeОпштиниГази Баба: Почетокот на пролетта одбележан со засадување на нови дрвца

Гази Баба: Почетокот на пролетта одбележан со засадување на нови дрвца

spot_img
spot_img

Учениците од општинските основни училишта заедно со градоначалникот Бобан Стефковски по повод почетокот на пролетта засадија 21 ново дрво со што посакаа добредојде на пролетта. Грижата за животната средина е еден од важните предуслови за квалитетен живот на сите.

По засадувањето со учениците од различни етнички заедници се реализираше и активноста “Пешачиме за мир, соживот и толеранција” од која ја испративме најсилната порака која вели: другарството не познава разлики.

На сите ученици градоначалникот Стефковски им посака со почетокот на пролетта да им се создадат нови можности за другарување.

Оваа активност вчера општина Гази Баба ја реализира во соработка со Општинскиот сојуз на училишен спорт Гази Баба и Здружението на граѓани Грин Спорт.

Извор: Општина Гази Баба

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте