spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Цветно дефиле на децата

Центар: Цветно дефиле на децата

По повод доаѓањето на пролетта и чествување на екологијата, Општина Центар во соработка со трите градинки: „Раде Јовчевски Корчагин“, „Кочо Рацин“ и „13 Ноември“ ја реализираше манифестацијата „Центар пее“. Како поле од шарени цвеќиња, децата со цветно дефиле го украсија Паркот на Франкофонијата.

Посетителите уживаа во музичко-сценската програма што ја подготвија децата, слушаа детски песни, хорски изведби и весели танци кои присутните ги пренесе во сказна која го опишува најубавиот пролетен ден, проткаен со многу насмевки, детски џагор и убава музика.

На манифестацијата, Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски кажа дека оваа седмица општината на повеќе локации организираше еколошки акции, кои опфатија садење на борови и декоративни цвеќиња во дворовите на училиштата и градинките,  изработки на рециклирани материјали, литературно читање и цртање на тема пролет и екологија. Исто така, ја истакна и вредноста на предучилишното воспитување и образование, не само во подоцнежниот напредок, туку и во личниот развој како индивидуи, а воедно и се заблагодари на воспитно-образовниот и згрижувачки кадар кој  несебично и неуморно се вложува себеси во процесот на созревање и растење  на најмладите во здрави и успешни личности.

 

 

 

 

Извор: Општина Центар 

Прочитајте

Карпош: Салата ,,Партизан’’ со ново осветлување

0
Во рамки на реконструкцијата на спортскиот објект ,,Наум Наумовски Борче’’, познат како ,,Партизан’’, изминатиот период се поставуваше ново лед осветлување. Од целосниот простор, употребени...