spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Градоначалникот Георгиевски и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски извршија посета на тековни...

Илинден: Градоначалникот Георгиевски и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски извршија посета на тековни проекти

Денеска во посета на Општина Илинден беше Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој заедно со градоначалникот Александар Георгиевски извршија посета на активностите за реализација на тековни проекти во Општината. Заедно извршија увид на градежните работи на кружниот тек и пешачката патека во Илинден кои се наоѓаат на влезот во Општината и претставуваат едни од најфреквентните делници на главните улици.

Градоначалникот Александар Георгиевски изјави дека изградбата на новиот кружен тек кој ќе ги поврзува главните сообраќајни улици 2, 8, 9 и 10, ќе го растерети сообраќајниот метеж во овој фреквентен дел од општината, а воедно ќе ја зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Во рамки на проектот се планира партерно и хортикултурно уредување како и јавно осветлување на просторот каде ќе се наоѓа новиот кружен тек.

Дополнително изградбата на новата пешачка патека во должина од 620 метри и широчина од 1,5 метри, по должина на улица 2, која е во завршна фаза на реалзиација и заедно со пешачката патека до новоизграденото основно училиште која е во должина од 400 метри, ќе придонесе за зголемена безбедност на учениците и пешачите во секојдневното функционирање.

Георгиевски додаде дека Општина Илинден во текот на месец април ќе отпочне со реализација на крупни капитални проекти. Ќе се изврши реконструкција на локалниот пат Миладиновци-Бујковци во должина од 1500 метри и широчина од 5,5 метри, ќе се отпочне со реконстриукција на локалниот пат Илинден-Хиподртом-Маџари во должина од 700 метри, ќе се продолжи со ралзиација на втората фаза и комплетно завршување на реконструкцијата на улица 532 во населено место Марино, ќе се отпочне со релизација на проектот за изградба на повеќе наменско игралиште во населба Илинден, ќе се реализира проектот за поставување на урбана опрема на трим патеката Ајаватовци-Бучинци, ќе се работи на озеленување и пошумување на јавни површини во општина Илинден како и рализација на други проекти од нашиот план за развој на локалната самоуправа  со што ќе придонесеме за подобрување на квалитот на живот на сите граѓани во општината.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека тековните проекти кои се реализираат во Општина Илинден се пример како треба да се  работи и развива локалната самоуправа. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ интензивно работат и ги реализираат ветените проекти на граѓаните и нашиот план за 2023 година, е да се реализираат вкупно 748 капиталн проекти со сопствени средства. Соработката помеѓу градоначалникот, членовите на Советот и администрацијата  потребно е да продолжи и понатаму, се со цел да се реализираат ветените капитални проекти во општина Илинден, а од моја страна како и до сега ќе ја имаат мојата поддршка.

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...