spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Лога се сретна со Дуџак,Постојaниот координатор на ООН во нашата земја

МП: Лога се сретна со Дуџак,Постојaниот координатор на ООН во нашата земја

Министерот за правда Кренар Лога оствари  средба со Постојаниот Координатор на Организацијата на Обединети Нации во нашата земја, Росана Дуџак, каде се разговараше за сите заеднички теми на нашето министерство и ООН. Министерот Лога ја истака како особено корисна досегашната соработка и помошта во многуте проекти и изрази интерес оваа соработка да се интензивира  во иднина.

На оваа средба Министерот Лога доби покана да учествува во одбележувањето на 75 годишнината на Декларацијата на ООН за човекови права.
На средбата се разговараше и за можностите кои Организацијата на Обединети Нации ги има со своите капацитети и ресурси  да помогне  во спроведувањето на реформите како и унапредувањето на нашиот правен  систем. Тема на разговори беа и условите во затворите, нивно подобрување, Законот за детска заштита, како и прашањето за  граѓаните кои сеуште немаат државјанство и лични документи. Министерот Лога објасни дека за таа цел на граѓаните ќе им биде ставена на располагање бесплатната правна помош која ќе се реализира преку регионалните центри на Министерството за правда.
ООН изрази подготвеност да помогне и во сомнителните судски монтирани случаи, чие решавање е важно за враќање на довербата во правосудниот систем.

Прочитајте